Случај „Мијалков“

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, пред две недели доби 12 години затворска казна за случајот со масовното незаконско прислушување и за уништување опрема „Таргет-Тврдина“. Ова е втора изречена затворска казна за Мијалков од страна на првостепениот суд, откако претходно беше осуден, а Апелација му ја укина затворската казна од 3 години во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. За тој случај повтореното судење е во тек.

Сепак, братучедот на експермиерот Никола Груевски, кој немаше среќа да го следи неговиот пример и да избега од државата, на суд се појавува и за уште неколку други случаи, во кои исто така му се закануваат високи затворски казни, доколку му се утврди вина и биде осуден со затворски казни.

Мијалков е обвинет и осомничен во случаите „Трезор“, „Тортура“, „Титаник 2“, „Империја“ и „Плацеви на Водно“. Доколку се соберат заедно средните должини на затворските казни за овие дела, заедно со пресудата од 12 години затвор за предметот „Таргет-Тврдина“, на Мијалков му се собираат повеќе од 30 години затвор.

ОБВИНЕТ ЗА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ТОРТУРА И ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА

По пресудата за „Таргет-Тврдина“ следен случај кој се очекува да заврши набрзо е случајот „Трезор“, во кој што Сашо Мијалков е првообвинет. Во овој предмет, тој, заедно со поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикана штета на буџетот на државата во висина од 862.045 евра поради набавка на на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од страна на фирма од Велика Британија.

Завршните зборови на Јавното обвинителство за овој случај се закажани за 22 март, додека пак завршните зборови на одбраната се закажани на 29 март. Делото за кое што е обвинет Мијалков во овој случај, злоупотреба на службена положба, предвидува затворска казна од најмалку 4 години.

Целиот текст на Нова ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e