„Ние сме загрижени затоа што имаме партија на власт која што има идеолошка конфузија подолг временски период, заснована на погрешни факти, тоа се гледа и од начинот на практикување на власта, но еве сега малку посистематски во анализата“, вели денеска Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој на прес говореше во однос на замрзнувањето на мерката за прогресивен данок.
„Да се потсетиме дека тие во 2014-та година, изготвиле една програма за промени, тоа се гледа на насловната страница овде, „Промени за нов почеток“, со поднаслов „Да ја вратиме средната класа“, имено долг период Социјалдемократскиот сојуз и кога беа во опозиција и кога дојдоа на власт го имаа ова мото за враќање на средната класа. Ништо не е попогрешно од ова, оваа теза се заснова на погрешни факти“, посочува Славески.