Славчо Попоски со вонредна најава: Големо невреме ќе ја зафати државава!

Како што веќе најавивме утре доцна попладне и навечер ќе се случи судир на две воздушни маси (ќе се судрат многу топлата од југ и значително посвежата од север) во ваква ситуација на повеќе места ќе се развиваат олујни системи кој ќе условуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења како и појава на град кој локално има услови да биде и од поголема величина (покрупен). Максималните дневни температури на воздухот и утре ќе бидат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 41 степен додека навечер и во текот на ноќта кон четврток ќе бележат тенденција на значително опаѓање.

Во четврток веќе преку денот ќе биде многу попријатно кога максималните дневни температури на воздухот ќе бидат за 8 до 10 степени пониски од сегашните и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

НАПОМЕНА: Наглата и голема промена на времето МНОГУ НЕПОВОЛНО ќе влијае особено врз метеопатите, исто така на граѓаните ги ПРЕДУПРЕДУВАМЕ во случај на силни електрични празнења и на НЕВРЕМЕ да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e