Скопска гинекологија доби нова опрема!

Шеснаесет нови креветчиња за бебиња, нова постелнина за болничките кревети, бојадисани сите 24 соби на Одделението каде се наоѓаат родилките и бебињата, ноќници за родилките и облека за бебиња, доби Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Станува збор за донација на босанско-херцеговачката компанија „Виолета“ која преку проектот „Да создаваме заедно“ донираше средства за оваа клиника.

d0bdd0bed0b2d0b8-d0bad180d0b5d0b2d0b5d182d187d0b8d19ad0b0-d0b8-d0bed0b1d0bbd0b5d0bad0b0-d0b7d0b0-d0b1d0b5d0b1d0b8d19ad0b0-d0bdd0bed0b2

На презентацијата на донацијата присуствуваше министерот за здравство Венко Филипче кој се заблагодари за донацијата од компанијата која, како што рече, вложила средства за опремување на Неонатолошкото одделение на клиниката, со цел условите на мајките и новороденчињата од денеска да се доближат до европските стандарди.

– Од денеска условите за престој на клиниката се многу подобри и од приватните болници. На почетокот на годината Владата вложи средства за набавка на дополнителен број инкубатори на клиниката, а почна и процесот на тренинг и едукација на докторите заедно со експерти од странство, посебно на Одделението за неонатологија, рече Филипче.
Посочи дека докторка од Белград која е врвен експерт во областа на неонатологијата работи заедно со докторите на клиниката и резултатите се видливи – смртноста на новороденчињата за една година е намалена од 24 отсто на 15 отсто.

– Многу ми е драго што за краток период имаме резултати. Знаеме дека овој здравствен систем може да го доближиме до европските стандарди, додаде Филипче.

Директорката на клиниката Викторија Јовановска се заблагодари за донацијата со која, како кшто рече, се овозможуваат подобри услови за мајките и новороденчињата во оваа јавна здравствена установа.

Шефот на Одделението за интензивна нега и терапија на новороденчиња доктор Елизабета Петковска рече дека минатата година имало 36 починати новороденчиња на 1.000 живородени, а оваа година заклучно со септември тој број изнесува 24. Таа рече дека 50 отсто од починатите новороденчиња се екстремно мали, незрели со тежина под 1000 грама и под 28 гестациска недела.

Амбасадорката на БиХ, Бабиќ рече дека со донацијата е создаден убав амбиент во собите каде престојуваат мајките и новороденчињата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e