Поголем дел од фасадите на зградите од проектот ,,Скопје 2014“, се направени од малтер што личи на мермер, како што може да се слушне и во една од т.н. бомби, пишува АКО.мк.
Минувачи фотографирале парчиња од фасада на Агенција за медиуми, која се наоѓа близу хотелот ,,Бристол“.
Еден од снимените разговори од прислушувањето, се однесува токму на тоа. Имено, Никола Груевски, премиерот, му се јавува на Миле Јанакиески, министерот, да му каже со каква фасада да се прават зградите.
Никола Груевски беше главниот идеолог, архитект, градежен инженер и финансиер, но од народни пари, на преплатениот и неквалитетно изведен проект ,,Скопје 2014“.
Аудио снимката од разговорот и фотографиите, како и целиот текст можете да ги погледнете на АКО.МК.
