Скопјанка уценувана со објавување фотографии со експлицитна содржина

На 16.11.2017 година во 12.30 часот, Л.Е. (41) од Скопје пријавила дека лицето З.П. (32) од Скопје ја уценувал со објавување фотографии со експлицитна содржина и дека физички ја нападнал. Според пријавата Л.Е. три години била во љубовна врска со З.П. и во мај годинава кога одлучила да ја прекине врската, тој почнал да и се јавува на телефон и да се заканува дека доколку не се смират ќе испрати нејзини фотографии со експлицитна содржина до нејзини роднини и пријатели.

По краток период, З.П. испратил дел од фотографиите на фејсбук профилот на нејзината ќерка, како и на една нејзина пријателка. Исто така, во мај годинава, според пријавителката, З.П. дошол кај неа на работа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаница во телото. Л.Е. досега не го пријавила настанот затоа што се плашела за безбедноста на нејзиното семејство. З.П. ја следел неа и нејзината ќерка подолг период. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e