На 23.03.2018 година 14.15 часот на автопатoт, кај клучка Стајковци, патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (22) од Скопје, изгубило контрола и удрило во метална ограда и бетонски ѕид. Од здобиените повреди, возачот Б.А. починал на местото на настанот.
Од ударот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Скопје, а со телесни повреди се здобила Х.А. (49) од Скопје. По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охродски“, Х.А. била пуштена на домашно лекување, додека14-годишното девојче било однесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. За време на увидот од 14.50 до 18.00 часот сообраќајот бил пренасочуван.