Склучени 366 договори за доделување државно земјоделско земјиште

Досега се склучени 366 договори за површина од околу 2000 хектари со огласите за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп објавени во 2018 година. Овие површини веќе се обработуваат, информираат од надлежното министерство.

Во моментов ги обработуваме пристигнатите понуди за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, наменет за земјиште од пониска класа и на поголеми надморски височини. Работиме на подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп до и над 3 хектари, кои ќе бидат објавени по завршувањето на изборите. – информираат од МЗШВ.

Ја ставаме во функција секоја педа земја, за да овозможиме поголемо земјоделско производство. – порачуваат надлежните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e