СЈО отвори истрага и против екс министерот Љупчо Димовски

СЈО отвори истрага и против поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, под името „Продуцент“, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што истакна обвинителката Фатиме Фетаи, тогашниот министер во ноември 2009 година, незаконски склучил договор со компанијата „Смарт центар“ со која склучиле договор за телевизиска емисија „Бојата на парите“, која била емитувана на телевизија „Сител“.

Склучениот тендер „тежел“ 50.000 евра, а во времето кога тендерот бил склучен на министерското столче седеше Љупчо Димовски.

Обвинителката појасни дека ваков тендер можелa да склучи телевизијата, но не и министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e