СЈО од денеска со распит на вработени во „Телеком“

Специјалното јавно обвинителство, од денеска па до крајот на оваа работна недела ќе врши распит на сегашни и поранешни раководни лица во „Македонски телеком“.

Според непотврдени сознанија на порталот Правосудство на распит се очекува да бидат повикани поранешни раководни лица од кои се очекува да проговорат за скандалот со масовното прислушување.
Нашите сознанија велат дека распитот на сегашни и поранешни членови на Управниот и Надзорниот одбор доаѓа по минатонеделната посета на вработени во СЈО на „Македонски Телеком“.
Работната посета на лица од СЈО на „Телеком“, која се реализираше во минатиот четврток е второ влегување на Специјалното обвинителство во „Телекомот“, по нивната посета од 24. април мината година, откако претходно, во четири наврати не можеше да добие налог од судот за претрес поврзани со истрагите за масовно прислушување.
Имено, СЈО се обидуваше да влезе во „Телекомот“ уште од крајот на 2016. година, но оттаму, како и од кривичниот суд, наидуваа на неразбирање и на отпор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e