”Сите сме заложници“ – Јагнињата чекаат извоз, фармерите трпат штети

Сточарите бараат итно отворање на границите за извоз на живо јагне, посочувајќи дека се доведени во тешка состојба поради рестрикциите поврзани со болеста кај овците во кумановскиот регион.
Како што објави Зелена берза, на средба одржана во Прилеп сточарите изразиле незадоволство што, како што велат, „сите сме заложници на состојбата во Кумановско“. Тие бараат институциите да преземат конкретни мерки за да се овозможи непречен извоз, особено во пресрет на сезоната кога побарувачката за јагниња е најголема.
Според нив, забраните и ограничувањата создаваат директни финансиски загуби, а фармерите се соочуваат со трошоци за храна и одржување на стадата. Побараа побрза реакција од надлежните служби, со јасни протоколи и регионален пристап, наместо целосни ограничувања.
Сточарите најавија дека доколку не се најде решение, ќе разгледаат и други форми на притисок за заштита на своите интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e