Синдикатот на „Еурокомпозит“ денеска го прекина штрајкот и протестот пред Владата по постигнатиот договор со премиерот Зоран Заев. Претседателот на синдикатот, Роберт Богданоски изјави дека договорено е за три месеци да се решава судбината на фабриката, да се подготви пакет за технолошки вишок и вработените да земат плата до понеделник.
Тој предупредува доколку не им биде исплатена платата повторно ќе излезат на протести. Вработените го продолжуваат производствениот процес на „Еурокомпозит“.
Извор: Радио Слободна Европа