Син на поранешна судијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс”. На судско рочиште вина признале обвинетите Васко Цунгаревски и Димитар Попоски за кривичното дело насилство.

Цунгаровски, кој е син на екссудијката од Основниот суд Скопје 2, Зорица Цунгаровска, учествувал во насилството во Собранието и според обвинението на Основното јавно обвинителство од Скопје, тој му се заканувал на премиерот Заев. Судијката Оља Ристова го осуди на казна затвор од година и 3 месеци.

Вториот обвинет доби алтернативна мерка – условна казна затвор од 2 години, ако во следните 5 години не стори ново кривично дело. Тој му се заканувал на пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Пресудата не е правосилна, па осудените имаат право на жалба до Апелациониот суд.

За крвавиот четврток, беа досудени 9 условни казни, а двајца обвинети за насилство признаа вина и добија затворски казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e