Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за претседател на државата, Гордана Силјановска, денеска на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека немала партиски штаб и дека таа е надпартиски кандидат, но голем дел од кампањата по се изгледа ја води по општинските штабови на ВМРО – ДПМНЕ.
Таквиот нејзин коментар ја испровоцира јавноста и до редакцијата на порталот пристигнаа фотографии кои патем речено и самата Силјановска си ги има постирано на Фејсбук, фотографии на кои се гледа како таа иако се претставува дека е натпартиски кандидат и дека нема книшка во ВМРО – ДПМНЕ всушност има средби со членовите на опозицијата токму во нивните партиски простории.
Како за пример, Силјановска откако ја назначија за кандидат имаше најмалку 20 посети на општинските штабови на опозицијата, дел од нив прикажани на фотографиите подолу.
Дали можеби Силјановска ја манипулира јавноста кога вели дека немала штаб а сепак има многу средби во партиските штабови е прашањето кое таа треба да го одговори и како е можно, ако е така како што вели, во истиот ден за шеф на нејзиниот штаб да биде поставен генералниот секретар на ВМРО –ДПМНЕ?