Начинот на потпишување на Преспанскиот и Договорот со Бугарија е далеку од транспарентен, порача Гордана Силјановска, носителка на листата во ИЕ 1 од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашниот ТВ дуел со Никола Димитров на Канал 5 ТВ.
Силјановска вели дека обата договори имаат одредби кои оставаат простор за интерпретација.
-Каде сме по корупција, кршење во човековите права…Ние сме држава позната по „Рекет“. Јавното обвинителство е синоним за криминал- рече Силјановска.