Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вечерва оддржа митинг во општина Центар каде таа ги критикуваше членовите на Владата за нивното работење во 90-тите години.
Но, заборави ли Сијлановска дека токму таа беше министер во првата Влада и тоа баш во овие години што ги споменува.
Дека нејзината изјава е извртување на вистината говори и фактот дека денешните министри, за кои вели дека се одговорни, во тоа време биле се уште на факултет а добар дел од нив дури и во средно и основно образование.
За потсетување, додека Силјановска министеруваше, нејзиниот сопруг водеше бизнис со фришоп, еден од најпрофитабилните бизниси во тоа време.
