Откако Гордана Силјановска Давкова, по средбата со „Левица“, одговарајќи на новинарско прашање за повикот на Шарените, едноставно, одби да се појави НаМегдан, се огласија и од иницијативата НаМегдан.
Според претседателската кандидатка Силјановска, „невозможно е да се биде со власта и да се биде револуционер“ и, како што рече, знаела што е да се биде револуционер.
Од иницијативата НаМегдан излегоа со следново соопштение:
Разочарани сме од одбивањето на нашата покана од страна на Гордана Силјановска, бидејќи според неа нашите иницијатори не биле легитимни револуционери. Интересно, тоа го изјави додека добиваше јавна поддршка од наш поранешен соборец, сегашен претседател на политичка партија.
Професорке, за легитимитетот на нашиот активизам можат да говорат луѓето кои ги делеа улиците со нас. Тие веќе го прават тоа и ние со задоволство дискутираме со нив на оваа тема. Но, тоа не е едно од прашањата кои се упатени кон Вас.
Затоа, не ги избегнувајте нашите прашања и дојдете #НаМегдан. Граѓаните имаат сериозни прашања за Вас и Вашата програма, кои сте должни да ги одговорите доколку очекувате нивна поддршка.
Се надеваме дека ќе најдете време за тоа во Вашата агенда.
На ова пратеникот Павле Богоевски напиша:
Фуфка, а? 😉 Лесно е да изјавиш дека си подготвен за дискусија, тешко е да се соочиш со прашања кои не се на штабски одобрената листа.
Професорке, имате уште време да се премислите. Ајде #наМегдан! – порача еден од главните активисти на Богоевски.
