Македонската информативна агенција објави интервју со Стево Пендаровски, кандидатот поддржан од СДСМ и коалиционите партнери, на кое тој одговарал на прашања на граѓаните кои ги испратиле на фејсбук, но и прашања кои биле составени од редакцијата. Во интервјуто од МИА велат дека на истите прашања и дале можност да одговори и на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова.
„Го известивме нејзиниот штаб за идејата двајцата кандидати да одговорат на прашања на граѓани и на редакцијата на МИА, но од нејзиниот штаб ни кажаа дека Силјановска нема да одговара на нив, бидејќи прашањата не биле соодветни“, стои во интервјуто со Пендаровски.
Тој пак во разговорот вели дека во моментов најважно е да има кристално чист, демократски, фер и транспарентен избор на претседател на државата, зашто поинаку не можеме да добиеме датум за преговори со Европската Унија
Смета дека голема е можноста тие што не гласале во првиот круг повторно да останат дома, тоа е нивно демократско право, нема да ги притиска да излезат. Но мисли дека овој пат контрастот меѓу политичките опции кои се нудат ќе натера барем еден дел од нив да гласаат.
