Штрајкот на наставниците ставен во мирување, Неделков се надева на брзо решение

Самостојниот синдикат за образование и наука и култура (СОНК) денеска соопштија дека го ставаат штрајкот во мирување до период на изнаоѓање решение заедно со Министерството за образование, пренесе Локално.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференција денеска сподели дека се надеваат дека Министерството за образование ќе се изјасни што побрзо за решенијата.

СОНК побара во колективниот договор да се вгради исплатата на прекувремена работа, да се исплаќаат патни трошоци итн.

Министерот за образование смета дека МОН и СОНК имаат одлична комуникација. Тој изрази жалење дека денеска немаат договор, но се надева дека во најбрз временски период ќе се постигне договор за покачување на платите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e