Ќе зависи ли од политичката волја, исходот на референдумот за името.
Карактерот на најавениот референдум не е обврзувачки за власта, а консултативен референдум, се распишува за прашања од пошироко значење – велат дел од експертите.
Според Владимир Божиновски, од карактерот на референдумот, зависи и дали политичките чинители се обврзани да го прифатат.
Проблематично за Божиновски е и тоа што кај консултативниот референдум нема рамка со која власта би била обврзана да ја прифати волјата на граѓаните. Дополнителен проблем, според него е и цензусот на референдумот, за кој тврди дека остава многу отворени прашања.
Во меѓувреме, роковите течат за формирање на ДИК и распишување на референдумот. Лидерите на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба до крајот на месецов да ги усогласат ставовите и да ги надминат несогласувањата, околу формирањето на ДИК, која треба да го спроведе референдумот, за кој како можни датуми за негово одржување се спомнуваат 23 и 30 септември и 7 октомври.
Извор: Канал5