Филипче и Заев го ставија на колена здравствениот систем. Ковид – 19 на површина ги извади сите проблеми во здравството. Несправувањето со последиците од корона вирусот ја направи Македонија црна точка во регионот и пошироко. Неспособноста на Филипче и Заев се виде по сите основи, а со корона кризата го доживеа својот врв. Таа дојде до израз како никогаш досега. – порача денес на прес-конференција Жаклина Шопова од ВМРО-ДПМНЕ.
Неспособноста доведе до тоа здравството да е нефункционално. Граѓаните ја немаат соодветната услуга, медицинските работници се оставени на цедило. Филипче наместо министер кој менаџира со системот за да се справи со корона кризата, се претвори во личност која брои и соопштува и новозаболени и починати од короната. Менаџирање со здравствениот персонал се виде дека за него е непознат параметар.Токму менаџирањето со овој персонал е клучно за соодветен одговор за решенија на последиците од короната. – рече таа.