Шкријељ: Воведуваме еднаква застапеност на жените на пратеничките листи

Ова е една од клучните, суштински теми коишто значат развој и прогрес за нашата држава, а лично сметаме дека е време за 50-50, дека е време за силни и солидарни жени коишто ќе застанат во одбрана на овој концепт и да време е за радикални промени во нашето општество, одговори Санела Шкријељ, заменик министерката за труд и социјална политика во дебатната емисија 24 Анализа на прашањето на новинарот дали СДСМ се залага за поголема или за еднаква застапеност на жените на избори.

„Во изминатите 2,5 години мислам дека покажавме дека можат да се превземат крупни чекори коишто ќе водат до унапредување на состојбата со еднаквите можности на жените и мажите. Би ги спомнала само новиот закон за абортус, којшто значи слобода и автономија на жената да одлучува за сопственото тело, ратификацијата на Истанбулската конвенција и сите нови сервиси коишто ги отворивме се со цел превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените“, посочи Шкријељ.

„Би го спомнала новиот закон којшто работи на превенција и на заштита од сите видови на насилства врз жените за разлика од досега препознаеното само семејно насилство. Би го спомнала новиот закон за заштита и превенција од дискриминација, понатаму развојот на услугите на локално ниво во социјалната заштита која што значи директно инвестирање во економијата на грижа или таму каде што имаме доминантно испорака на услуги од страна на жените и се разбира цел сет на мерки коишто значат помрднување од еден статус-кво и унапредување на родовата еднаквост во нашата земја“, рече Шкријељ.

„СДСМ мислам дека препозна дека клучот за развојот и прогресот е во еднаквата застапеност на жените и токму затоа се донесе одлука, не само еднаква застапеност на жените во сите управувачки структури во партијата туку и еднаква застапеност и на пратеничките листи“, заклучи Шкријељ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e