Мислам дека во партиите постои свесност дека тие што работат на терен се жените и дека тоа отворено се комуницира внатре во партиите. Меѓутоа тој исчекор беше неопходно да се направи еднакво учество на жените и мажите во сите структури во партиите и овој принцип сега што го воведе СДСМ за еднаква затапеност на пратеничките листа. Во однос на дебатите каде што гледаме само мажи се согласуваме дека тоа фрустрира и треба да се трудиме сите да го промениме вклучително и да побараме поддршка и од медиумите, секогаш кога се дебатира и дискутира за битни прашања да се внимава на таа родова застапеност, изјави Санела Шкријељ, заменик министерката за труд и социјална политика во дебатната емисија 24 Анализа на прашањето на новинарот дали ве фрустрира кога гледате како мажите кога дебатираат се борат до последната капка пот.