Шилегов: Завршивме голем број капитални инвестиции во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во вечерашната емисија на Алфа ТВ изјави дека градот направил голем број на капитални инвестиции од почетокот на неговиот градоначалнички мандат.

Како еден од најголемите капитални проекти Шилегов ја спомена реконструкцијата на 4 булевари, АСНОМ, Босна и Херцеговина, Христијан Тодоровски Карпош и пластичарската улица. Како што вели тој, ова се нема случено од по земјотресот во 1963 година.

Шилегов исто така како капитални проекти од посебна значајност за градот ги спомена подземниот колекторски систем и прочистителната станица во реката Вардар како и секундарниот гасоводен систем.

Во однос на подземниот тунел до скопското Кале, Градоначалникот Шилегов изјави дека треба да почне на него да се работи од идната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e