Шилегов на Сител: Ќе се гради нов мост кај Карпош, а тоа не се прави ниту брзо ниту лесно

Акo воопшто постоеше црна кампања тоа е онаа која ВМРО-ДПМНЕ ја води пет години, а особено последниве пет месеци, за мене за семејството, за се, за Данела Арсовска немам изговорено ниту еден лош збор и не е проблем државјанството туку зошто ја излажа македонската јавност, а тоа не е црна кампања, таа може да се чувствува како сака дури и како Бугарка, но проблемот е во криењето, рече кандидатот и актуелен градоначалник, Петре Шилегов во гостувањето на вестите на Сител.

-Кај противкандидатката Данела Арсовска не познаваме ни јас ниту граѓаните реални проекти туку само желби, единствен начин да се дојде до модерно Скопје е да се работи, на пример само едни автобуси да се купат треба процедура и одзема време, стратегија план финансии, не можете само да речете ќе купиме 150 автобуси, тоагаш нема да има организиран систем на транспорт, туку само повеќе автобуси, ЕБРД вели дека ова е најдобро и најеколошко решение, појасни тој.

-Ќе се гради и нов мост кај Карпош, а тоа не се гради брзо и лесно, а бидејќи има недостаток во познавањата, затоа и се ветуваат желботеки. Во Скопје го вративме мирот и спокојот, ние уште страдаме од дупот за 2012, од партијата која стои позади Арсовска, сега кога веќе го решаваме сето тоа не е време да се враѓаме назад. Ја вративме хармонијата, Скопје не е град на ниту една партија, Скопје е на граѓаните, заклучи Шилегов. Тој дополни дека Скопје е град што не смее да престане да оди напред, тоа граѓаните ќе го препознаат и затоа има повик на обединување, а не споменици и стиропори, а луѓето мора да бидат над политиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e