Опозицијата го блокира законот за Јавно обвинителство. Обвинителството е независно од власта, контролните механизми треба да го има Советот на јавни обвинители. Опозицијата смета дека некое политичко јадро треба да ја има таа контрола, изјави градоначалникот на Град Скопје и висок партиски функционер на СДСМ, Петре Шилегов.
-Сопнувањето во донесувањето на законот за Јавно обвинителство е желбата да се има политичка контрола врз таков орган. Мешањето на политиката во правосудниот систем е тоа што не доведе до ова дереџе и недовербата на граѓаните кон судството и обвинителството. ВМРО-ДПМНЕ бараа да го вршат изборот на јавен обвинител, тоа не може да се случи, вели Шилегов.
Градоначалникот на Скопје потврди дека додека СДСМ била во опозиција ветила дека опозицијата ќе може да го предлага Јавниот обвинител, но со еден услов, а тоа е генерален реизбор во судството.
-Не се случи генерален реизбор во судството затоа нема да дозволиме јавен обвинител по желба на опозицијата. Очекувам да се донесе закон за ветинг во правосудството. Тоа што ни остана како оставчина од минатаото се судиите од тефтер кои судат за сваровски накит, вели Шилегов.