Шилегов: Лажни се тврдењата за платата на директорот на ЈП „Улици и патишта“

Директорот на ЈП „Улици и патишта“ Сенко  Смаиловиќ има основна плата од 55.000 денари исто како и неговиот претходник, информира денеска градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов. Тој посочи дека новиот директор на ЈП „Улици и патишта“ кога стапил на функција го затекнал јавното претпријатие со долг од преку 150 милиони денари и три заостанати неисплатени плати на вработените.

Сега, како што кажа, сите плати на вработените се исплатени, а на луѓето кои работат на улица дури и им се зголемени, а воедно долгот е намален на 90 милиони денари.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e