Шилегов ќе прави промена во тоа кој може да паркира во центарот на градот

Во строгиот центар на Скопје ќе може да се паркираат само жителите, најави градоначалникот Петре Шилегов, кој најави и дека ќе поскапи и паркирањето во Центарот.

– Ќе го реорганизираме паркирањето во рамките на постоечката инфраструктура. Постепено ќе ги ослободиме пешачките зони и тротоарите од автомобили и ќе воведеме режим каде може, а каде не може да се паркира. Со тек на време ќе воведеме и резиденцијално паркирање за луѓето кои живеат во тој дел, како единствен начин на паркирање во централното градско јадро – рече Шилегов.

Тој вчера најави скалесто поскапување на цените за паркирање, а намалување на билетите во автобусите со цел да се стимулираат граѓаните да користат јавен превоз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e