Шилегов: Груевски, Трајановски и Чавков ќе одговараат за “обиколницата на смртта”

“Никола Груевски, Коце Трајановски и Митко Чавков ќе одговараат за лажење, неспособност и нанесување штета на граѓаните во врска со поплавите.” – обвини на денешната прес конференција, Петре Шилегов.

“Ќе одговараат зашто пуштиле во употреба ризична обиколница, зашто не го предупредиле населението навреме за катастрофата, зашто не ги исчистиле каналите и коритата, зашто не го сопреле сообраќајот кон ризичното подрачје.

Никола Груевски, катастрофата што го снајде Скопје е заради твоја негрижа!

Во 2009 година, заедно со Миле “ми текна” Јанакиески си сечел лента за пуштање на обиколницата, а не си обезбедил заштита од поплава на околината.” – посочи портпаролот на СДСМ.

Otvoranje  na obikolnica

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Трошеше милиони евра за “тркало на лудоста” и за пиратски бродови, а за заштита на животот на луѓето не си презел ништо. Заради се ова, ќе одговараш!

Коце Трајановски, си му аплаудирал на Никола кога сечел лента за обиколницата, а си знаел дека го поплавува Стајковци!

Коце, ти носиш одговорност за жртвите од поплавата, зашто си им упатил загрозувачки апел на луѓето да не излегуваат од домовите и од нивните возила!

Коце, ќе одговараш и за тоа што не си ги предупредил луѓето да не патуваат на обиколницата и со тоа си ги втурнал во опасност!

Митко Чавков, и ти ќе одговараш за тоа што си дозволил да нема сообраќајна полиција во критичните моменти која ќе ги сопира навреме возачите пред да се упатат кон обиколницата на смртта.

Доаѓа време на одговорност, темелна реконструкција на инфраструктурата, безбеден и подобар живот за граѓаните на Македонија!” – додаде Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e