Шилегов: Груевски и соработниците сакаат да го сокријат криминалот од СЈО, ама не ќе можат!

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, пратеник

Нема поголем доказ за криминалот на обвинетиот Никола Груевски од денешното гласање на неговите пратеници, вели Шилегов.

Очигледно е дека обвинетиот Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се единствените коиштоне сакаат да се овозможи непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.

Од што се плаши ВМРО-ДПМНЕ па упорно не сака да ги изгласа предложените измени на Законот за СЈО и Законот за заштитени сведоци?

Противењето на овие измени, како и неодамнешниот однос на пратениците кон специјалната јавна обвинителка покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не сака силно Специјално обвинителство кое до крај ќе ги расчисти истрагите што ги започна.

Со денешното гласање пратениците од ВМРО-ДПМНЕ официјално станаа прикривачи и помагачи на криминаллот што го гони Специјалното јавно обвинителство.

Алиби гласањето на ДУИ и оваа политичка партија ја става во иста категорија со ВМРО-ДПМНЕ.

За целосно надминување на политичката криза мора да има правна разрешница во непристрасна и транспарентна постапка. Никој, без разлика на неговата партиска определеност, не смее да побегне од соочување со правдата.

Специјалното обвинителство е клучен дел за излез од политичката криза и токму затоа овие предлог измени се и повеќе од потребни.

Единствено неговото непречено функционирање може да стави крај на кризата, но и да го врати македонското општество на патот кон вистинските вредности.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e