Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов дал наредба да започне отстранување на бродовите во реката Вардар.
„Наредив да започне постапка за дислоцирање на галиите, во тек се постапките за кои како ќе бидат созреани одлуките за носење така ќе бидат објавени“, рече Шилегов.
Дали и колку ќе бидат обесштетени сопствениците Шилегов не прецизираше, рече дека не е донесена дефинитивна одлука, а кога ја донесат јавноста и сопствениците ќе бидат информирани.
извор: СДК