Шилегов: БРТ-системот го решава она кое скопјани 40 години зборуваат – ефикасен јавен транспорт

Системот за јавен транспорт на Скопје е систем кој секогаш имал потреба да биде дотиран од различни извори и Градот никогаш не бил сам способен да го финансира, па затоа ни беше важно БРТ системот за јавен транспорт да биде самоодржлив, кажа кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петре Шилегов во гостувањето на Телма телевизија. Според него, со овој систем за транспорт градот веќе нема да зависи од блок дотациите на Владата и калкулациите покажале дека системот сам ќе се одржува.

-Возниот парк во БРТ-системот е полуелектричен и половина на хибриден гас, а во моментов се скапи оние автобуси кои се само електрични. Организиран систем за транспорт досега во Скопје немавме и важно ни е на граѓаните да им понудиме ефикасен систем, рече Шилегов.

Тој додаде дека на за што 40 години се зборувало, оваа администрација го сработува и потврди дека со воспоставувањето на БРТ-системот нема да се сече зеленилото на булеварите, туку дека со самата кредитна линија се предвидени 280 илјади евра за дислокација и мултиплицирање на зеленилото.

-Најзелениот проект за урбан транспорт според ЕБРД е проектот на Град Скопје, кажа Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e