Законот важи за сите и никого не штитиме. Ова го рече денеска министерката Радмила Шекеринска, на заедничката прес-конференција со американскиот воен претставник Најт.
– Ние кажавме дека од прв до последен не сме заштитени, покажавме дека никого не штитиме, туку дека дозволивме, дозволуваме и овозможуваме сите институции да спроведат целосна истрага никого да не го спасуваат и никого да не го штитат. Законот важи за секој од нас. Даваме поддршка и очекуваме и обвинителството и другите институции да си ја завршат работата. Никој од нас нема да очекува ниту пак ќе добие политичка заштита“, рече Шекеринска денеска.
Истовремено ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ако сака вистински да даде поддршка во процесите, да го поддржи законот за Јавно обвинителство.