Шекеринска за опонентот Дурловски: Врската со насилството од 27 април покажува дека некои лекции не се научени

-Кампањата зависи од учесниците. Нашата политика, навики покажуваат дека нашата држава може да организира фер и демократски избори, тоа го покажавме со претходните изборни процеси. Ја извадивме државата од групата земји во кои изборите беа доживувани како фарса. – рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

-Фокусот на нашата партија е  што сме имале како проблем, што сме решиле – каде имаме резултати и што планраме да сработиме. Имаме области каде треба повеќе да сработиме затоа ќе организираме колку што е можно подиректен контакт со граѓаните, со целосно почитивање на мерките. Нема да играме со здравјето на граѓаните.  – порача Шекеринска осврнувајќи се на претстојната изборна кампања.

За опонентот Игор Дурловски Шекеринска рече:

-Тоа е одлука на ВМРО-ДПМНЕ и доволно зборува за тоа дека некои лекции од минатото не се научени. Жалам, но тоа е така. Врската со насилството од 27 април, лагите и дезинформациите покажаа дека злобата од минатото во опозицијата е тука, рече Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e