Шекеринска: На држава што одбројува до НАТО и прилега и соодветна регулатива во одбраната и безбедноста

Владата на денешната 154-та редовна седница ја разгледа и усвои информацијата со Нацрт-стратегијата за одбрана на Македонија, и го задолжи Министерството за одбрана во рок од седум дена од усвојувањето на информацијата да ја достави Стратегијата за одбрана до Претседателот на државата за нејзино донесување.

По усвојувањето на новата Стратегија за одбрана на Фејсбук се огласи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

-На држава што одбројува до НАТО и прилега и соодветна регулатива во одбраната и безбедноста! Денешната владина седница беше во знакот на Министерството за одбрана. Добивме зелено светло за Стратегијата за одбрана – документ на кој работевме посветено во изминатиот период. Последната таква Стратегија датираше од пред речиси една деценија и не одговараше на современите прашања.

Новата Стратегија е според актуелното безбедносно опкружување и е во согласност со стандардите на НАТО и ЕУ.
Исто така добивме и зелено светло за Законот за класифицирани информации, во кој исто така вградивме решенија на висина на регулативите на НАТО и ЕУ, и со кој создадовме основа за развивање на криптозаштита. Честитки и благодарност до сите што дадоа придонес! – напиша Шекеринска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e