Шекеринска: Италија е една од 7-те најмоќни економии, но видете што се случува таму

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во денешното гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ рече дека системот деновиве се соочува е непочитувањето на мерките, особено од страна на лицата кои потпишаа изјава за самоизолација и лицата кои се вратија во Македонија од кризните жаришта на Ковид 19.

– За жал, многу луѓе потпишаа, а кога си дојдоа дома, почнаа да излегуваат не само за во супермаркети, туку да се прошетаат и да се видат со пријатели, а тоа е еден од нашите најголеми предизвици, тоа не е законско, тоа не е одговорно. Ќе ѝ асистираме на полицијата и во овој дел од задачата. Ги носевме брзо потезите за затворање на училишта, за самоизолација, затоа брзо реагиравме и разни локали да се затвораат – рече таа во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Не беа лесни одлуки, додаде, и посочи дека практично ја запирате економијата во голема мерка.

– Меѓутоа се што одлучивме е по консултација со други земји кои поминаа со овој проблем, дека социјалната дистанца е правилна мерка. Постојаниот прилив на граѓани, наши државјани кои доаѓаа од жариштата на вирусот, не можеме да им забраниме да се вратат, но голема е бројката на тие кои се вратија дома – рече таа.

И ќе поведеме поригоризно мерки ако не се придружуваат до мерките. Гледате колку брзо растат бројките, ние успеавме да не оди кривата брзо, функционираат но најверојатно ќе ни бидат потребнни поригорозни мерки, вели меѓу другото Шекеринска.

Таа апелира да се погледнат бројките во другите држави кои покажуваат постојан раст и дека граѓаните мора да покажат одговорност бидејќи системот би крахирал.

– Бројките во сите држави покажуваат растење. Мораме да бидеме подготвени дека повеќе луѓе ќе заболуваат, дека повеќе луѓе ќе бидат хоспитализирани и веројатно ќе бидат потребни респиратори. Да покажеме одговорност за да не дојдеме болничките ресурси во еден момент да се чуваат за најтешките слуачи. Сите ресурси ги зголемуваме, системот е подготвен, но ако нема свесност, не постои систем кој тоа може да го издржи. Италија е една од 7-те најмоќни економии, но видете што се случува таму – предупреди министерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e