Армијата е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба! Честитам на сите припадници! – пишува министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Стабилност, подготвеност во секое време да се помогне, истрајност и компетентност- се одликите кои граѓаните ги наградија со својата доверба. Тоа се покажа и при корона кризата, а така ќе биде и во иднина. Членството во НАТО само ги зајакна овие вредности. – пишува Шекеринска.