Шекеринска: Ако Героски е пријател со Пешевски, дали е виновен за Груевски?

„Нема свети крави, никој не е заштитен и никој не е под закрила на власта“, е коментарот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за случајот „Рекет“. Со оглед дека името на нејзината золва, во текстовите кои ги објавува новинарот Бранко Героски беше споменувано во контекст на аферата со Боки 13, таа истакна дека нема од што да се плаши и во тој контекст направи алузија на блискоста на новинарот со екс-вицепремиерот Владимир Пешевски, пренесува 360.

„Никој од нас нема што да скрие, меѓутоа од друга страна инсинуациите поткрепени на „рекла казала“ навистина не се корисни. Инаку и јас би можела да излезам и да кажам дека пријателот на пријателот на еден ваш колега денеска е избеган во Будимпешта. Дали тоа значи дека вашиот колега е виновен за неговото бегство? Никој паметен, никој разумен тоа не би го кажал. Затоа органите треба да си го истражат своето, а ние покажавме дека никој не е света крава. Никој не е заштитен, никој не е под закрила на власта. Напротив се покажа и дека институциите можат да функционираат без политички притисок – истакна Шекеринска.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e