Шекеринска: 11 години го гледавме т.н економски раст во кој профитираше врхушката, а сите живееја со 8-9 илјади плата

Министерката за одбрана и заменик претседателка на СДСМ Радмила Шекеринска во гостување во емисиијата „Само вистина“ ги истакна досега остварените капитални проекти со реновирани училишта, болници, обнова и изградба на патна мрежа, и ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ за политиките за кои се залагале, меѓу која е и противењето за поголеми плати.

Јас денеска можев да видам неколку работи кои што се сработени во Ресен, еден пазар кој што не можевте после два мандати локална власт, отидов и видов феноменална спортска сала и реновирано електромашинско училиште во Охрид, и притоа не знаев дека влезот во Охрид од Битола исто така се реконструира, и тоа не можеа во претходни 11 години централна власт и 4 години локална власт.

И вака можеме да не зборуваме за Маврово Ростуше, реновирана болница, реновирана фасада на училиште, нова општинска зграда, реновирани неколку патни правци коишто го врзуваат со селото, за ова може да дискутираме башка, ама едно нешто е највидливата разлика после 4 години, три години па и кога беа власт, кога баравме да почнат да растат платите во државата, ВМРО-ДПМНЕ имаше една иста политика, а тоа е дека не смеат платите да растат, затоа што економијата ќе крахира и сите инвеститори ќе си заминат, и тогаш ние 11 години го гледавме моделот на т.н економски раст во кој што ќе профитираат малкумина, а сите ќе живеат со 8 до 9 илјади плата, луѓе кој што работат на минимална плата.

Kога прв пат рековме ќе расте минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ и сите експерти дојдоа, рекоа „готово, ова е распад, сите овие 60.000 луѓе ќе изгубат работа“, денес можеме да кажеме дека во Македонија има 60.000 нови работни места, 60% повисока минимална плата, и уште не е доволна и 4.500 повисока просечна плата и економијата функционира, истакна министерката Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e