Шеесет ученици од девет средни училишта учеа програмирање на ФЕИТ

Шеесетина ученици од девет средни училишта од Македонија се запознаа со основите на програмирањето преку иницијативата „Hour of Code“, која вчера се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Средношколците, заедно со студентите на Факултетот, на овој меѓународен и традиционален настан разменија искуства во однос на нивните интереси, желби и можни идни насоки за студирање на областите од компјутерското инженерство кои се негуваат на ФЕИТ. Преку едночасовниот вовед во компјутерскиот свет и програмирањето се демистифицира „кодирањето“, покажувајќи дека секој може да ги научи основите и да го прошири своето знаење за компјутерите и компјутерскиот свет.

Иницијативата за организација на настанот потекнува од студентите и од наставниот кадар на Институтот за компјутерски технологии и инженерство за да се доближи програмирањето до младите генерации од сите возрасти. Овој настан е дел од иницијативата Hour of Code, организирана од компанијата code.org

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e