Шакири за ТВ 24: Се повлекувам од советничкото место во Влада

По бурните реакции во јавноста Џезаир Шакири Хоџа се повлекува од советничкото место во Влада.

Ова од Охрид го најави премиерот Зоран Заев, а Хоџа го потврди за ТВ 24.

Премиерот Зоран Заев изјави дека Хоџа размислувал да се повлече од функцијата поради силниот притисок во јавноста.

Командант Хоџа учествуваше во конфликтот во 2001 година, а во професионалното си-ви стои дека има завршено само средно образование. Тој е на американската црна листа, заедно со уште некои негови колеги, поранешни команданти на ОНА. Беше амнестиран по конфликтот, а во 2007-ма повторно се одметна и објави независност и припојување на родното Танушевци кон Косово.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e