Шахпаска: За разлика од опозицијата, ние докторите не ги делиме според политичка припадност

Во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија, пратеничката од редовите на СДСМ од последниот парламентарен состав, Јагода Шахпаска, запрашана за коментар на обвинувањата на опозицијата дека нивните предлози не биле земени предвид во текот на планирањето на стратегијата за борба со коронавирусот, со став:

“Опозицијата за време на целиот период кога се носеа важни одлуки во целата држава се однесуваше политикантски и на некој начин ги саботираше сите процеси. Јас не мислам дека опозицијата не е вклучена, ние докторите не ги делиме според припадност во политичка партија, ВМРО или СДСМ. Па, во оваа држава не се сите доктори епидемиолози припадници на СДСМ. Сите во овој здравствен систем, 25 000 здравствени работници, се вклучени и се борат со еден најголем предизвик во здравството не само кај нас, туку и во светот. Јас не се согласувам со нивните тези дека не биле прифатени нивните ставови затоа што секаде низ државата заедно работат доктори припадници на различни политички партии. Нашата заедничка цел е грижа за здравјето на граѓаните. Тоа е нашата професионална вокација и ние тука мораме да го дадеме нашиот максимум. Комисијата за заразни болести која е составен од врвни професионалци својата стратегија ја градеше врз основа на научни протоколи по препорака на СЗО и врз основа темелна анализа на состојбите во целата држава” – истакна Шахпаска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e