Во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија, пратеничката од редовите на СДСМ од последниот парламентарен состав, Јагода Шахпаска, запрашана за коментар за одредени обвинувања од опозицијата кои од страна на власта беа окарактеризирани како лажни вести, како и обвинувањата дека при носењето на мерките имало кокетирање со верските заедници, Шахпаска со став:
“Во моментов, ако нешто прави штета на граѓаните тоа се лажните вести и спинувања. Ние во изминатиов период бевме сведоци како се спинуваше за бројот на пациенти кои наводно биле сместени во ходниците на Инфективната клиника. Требаше една новинарска екипа да влезе и да ги документира сите пациенти кои се хоспитализирани и нивните изјави за тоа како добро се менаџира кризата во болницата. Лажните вести многу им штетат на граѓаните, спинувањето за теснопартиски политички цели не носи добро на никого.
Истото се случи и со ставање на корона-кризата во верски контест. Бројките коишто беа во државата за време на велигденските празници беа различни и епидемиолошката ситуација во државата за време на Рамазан Бајрам кога ситуацијата беше сосема поинаква. И оттука проценката што ја прават експертите во Комисијата за заразни болести дали треба или не треба да има рестрикција во движењето се разликуваат. Епидемиолошката ситуација ги налага мерките. Еве гледате дека сега повторно заради зголемениот број на позитивни случаи повторно се воведуваат рестриктивни мерки и неколку градови се ставени во карантин” – истакна Шахпаска.