Не се бара начин за одложување на изборите. На лидерската средба опозицијата беше таа која не сакаше да се оди на брзи избори па бараа подолг период да се подготват. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат законите за зголемување на пензиите, законот за одбрана кој е од посебна важност за влезот во НАТО, законот за детска заштита и социјална заштита и на 12 април да одиме на избори, изјави пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска.
Шахпаска истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прават класично блокирање на Собранието односно без предметно и нелогички натрупуваат амандмани.
На закони каде што се прифатени нивните првични амаднмани, тие додаваат нови 900, класично блокирање на Собранието, вели Шахпаска.