Јагода Шахпаска, коносител на кандидатската листа на пратеници од Коалицијата “Можеме” предводена од СДСМ, во вечерашното предизборно соочување на телевизија Телма со јасен став дека СДСМ за мандат од неполни три години успеал да направи многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за цели 11 години владеење.
“Во следниот четиригодишен мандат ќе се посветиме исклучиво на економијата затоа што во текот на овие нецели три години на власт имавме три изборни циклуси во коишто ги исполнивме нашите проекти од изборните ветувања од 2016 година, враќањето на парите кај граѓаните, вложување во човечкиот капитал и евро-атлантските интерации, односно станавме 30-та полноправна членка на НАТО. Во следниот четиригодишен мандат треба да отвориме 80% од поглавјата за пристап кон ЕУ, меѓутоа продолжуваме со финиширање на градежната офанзива која е присутна во третата изборна единица. Продолжуваме да ги завршуваме трите од четирите експресни патишта во државата. Тоа се проекти коишто ги гради СДСМ со коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ за 11 години не успеа ниту да ги започне овие правци. Го завршивме и автопатот Миладиновци-Штип кој беше готов 57%, градиме експресен пат Штип-Радовиш, веќе кон крајот од јули ќе биде готова првата делница од експресниот пат Штип-Кочани до делот на Крупиште и експресниот пат Ранковце-Крива Паланка. Инвестираме во младите, инвестираме во земјоделството со 200 милиони евра средства, зголемување на платите со 34 000 денари просечна плата на крајот од мандатот, минимална плата на 20 000 денари, зголемување на најниската пензија за 21%, вложуваме во младите, во младите лекари и младите земјоделци, ги ослободуваме од даноци, изградба на канализациона и водоводна мрежа во сите истурени делови на третата изборна единица, изградба на градинки и реконструкција на училишта, нешто што и во последниве три години успеавме да го придвижиме во една позитивна насока и на средбите со граѓаните нашите гласачи тоа го препознаваат и оддаваат признание” – истакна Шахпаска.