Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска посочи дека разноликоста на храната и внесот на здрави оброци кај децата во предучилишно образование е клучна за нивниот правилен детски развој.
„Оттука произлезе и иницијативата на Министерство за труд и социјална политика за целосно ревидирање на менито во градинките.
Предложените промени се следните:
❌исфрлање конзервиран зеленчук и овошје
❌исфрлање на конзервирани преработки на месо и синтетички паштети
❌исфрлање на кечап и мајонез
❌исфрлање од употреба на вештачки додадени засладувачи
✅зголемен внес на свеж или замрзнат зеленчук и овошје
✅замена на маргаринот со путер
✅употребата на ладно цедено масло за салати
👨👩👧👦Предвидена е и едукација на децата, родителите и вработените во градинките со цел обезбедување на поголема грижа и превенција на здравјето“, истакна Шахпаска.