Ние не бараме промена на вашиот идентитет, вели за БИРН грчкиот професор Спиридон Сфетас кој е дел од Заедничкиот комитет за историски прашања.
„Идентитетот не се менува. Никогаш. Ние не бараме промена на вашиот идентитет.“ Ова го вели во интервју за БИРН професорот од Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Спиридон Сфетас. Тој е член на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања од Македонија и Грција чие формирање беше предвидено со договорот од Преспа.
Во моментот грчката комисија чека нов претседател откако се смени власта. Новиот премиер Мицотакис би требало да го соопшти името кое ќе биде на чело на комисијата и ќе го замени досегашниот заменик министер за надворешни работи, Маркос Боларис.
Тој и неговите колеги одржаа вкупно четири состаноци на кои требаше да го спроведат напишаното во членот 8 став 5, според кој од учебниците во двете држави треба да се отстранат формулации што содржат иредентистички или ревизионистички елементи.
„Генерално завршивме се! Можеби во текот на летото ќе се сретнеме повторно. Таа евентуална средба би била поради промената на политичката гарнитура во Грција. Нови министри, нова Влада. Но тоа велам, доколку е потребно. На крајот на јуни се договоривме и направивме размена на забелешки“ – вели Сфетас.
Состаноците ги опишува како кооперативни без агресија, нешто што историјата знае да го испровоцира, особено кога станува збор за решавање на болни историски прашања.
Поставување јасна разлика меѓу античка и денешна Македонија
Унијата мора да ги почне преговорите со вас бидејќи со години зборуваше дека билатералниот спор за името е единствениот проблем, сега кога е решен, сама ќе се негира ако не го исполни ветувањето
На договорената средба на солунското пристаниште дојде подготвен, со полна чанта книги и документи кои почна да ги отвара и да покажува веднаш штом пристигна. Отворен е и не ги одмерува зборовите. Говори гласно и не дозволува некој да му ја прекине мислата. За него најважно е да се избрише секое равенство на Античка Македонија со новоименуваната Северна Македонија, некогашна Република Македонија.
Интевјуто на Спиридон Сфетас, повеќе за неговите ставови за Скопје-2014, за Преспанскиот договор итн прочитајте ТУКА.