Сервер: Македонскиот јазик не може да биде услов за старт на преговорите за членство во ЕУ

Американскиот политички експерт Даниел Сервер изјави дека ставот на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик на постои не треба да се земе здраво за готово, укажувајќи дека тоа не треба да биде услов за старт на преговорите за членство во ЕУ.

Сервер е професор на вашингтонскиот Универзитет за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс“ и добар познавач на работите на Балканот.

-И што? – одговори тој на барањето да коментира за ставот на БАН дека македонскиот е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик.

– Британците никогаш официјално не признале американско-англиски јазик. И што со тоа. Јазикот сè уште постои. Јас секогаш вклучувам суптитли кога гледам телевизиски програми од Велика Британија, изјави тој.

Додаде дека народите на Балканот треба да продолжат да живеат со тоа.

-Доколку постојат некакви полемики, тие треба да се решат пред самото зачленување, а не пред почетокот на претпристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави Сервер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e