Данела Арсовска е на функцијата Почесен конзул на Унгарија, функција која подразбира совесно застапување на интересите на Унгарија. Дали преку нејзе унгарските интереси ќе управуваат и со градот Скопје и граѓаните што живеат во него.
Сметам дека ова е тема за правници, дали воопшто може Почесен конзул на странска држава истовремено да биде на било која јавна функција во државава?
Нашиот Закон за надворешно работење гласи: (верувам дека и унгарскиот закон е со слична содржина)
Почесен конзул Член 61 Владата, на предлог на министерот, именува почесен конзуларен функционер (во натамошниот текст: почесен конзул) од редот на лицата кои живеат во државата на приемот и во неа уживаат углед и доверба.
Почесниот конзул го раководи конзуларното претставништво, за чие отворање одлука донесува Владата.
Почесниот конзул врши задачи утврдени со упатство на министерот (на Унгарија).
Почесниот конзул работи согласно со упатствата и под надзор на шефот на надлежното дипломатско-конзуларно претставништво (на Унгарија). За сите позначајни работи се консултира со шефот на надлежното дипломатско-конзуларно претставништво (на Унгарија).
Во јавни настапи се однесува согласно со насоките на Министерството (за надворешни работи на Унгарија). За својата дејност тековно го известува надлежното дипломатско-конзуларно претставништво (на Унгарија) и со него ја усогласува својата работа.
Во случаи кога нема надлежно дипломатско-конзуларно претставништво, неговата улога непосредно ја презема Министерството.
Почесниот конзул ги обезбедува средствата за функционирање на конзуларното претставништво. Министерството обезбедува знаме, грб, табла со службен назив на конзулатот и печати.
Почесниот конзул треба да обезбеди услови за вршење на функцијата утврдени со акт на Владата, донесен на предлог на министерот.
