Селмани: Не смееме веќе понатаму да функционираме без демократски институции во државата

Поранешниот министер за здравство Имер Селмани, во денешното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека е неопходно да се организираат избори што поскоро бидејќи државата мора да добие политичка Влада која ќе преземе политичка одговорност за сите процеси.

“Сите коишто работиме некоја работа излегуваме од дома или одиме на работа или во супермаркет. Едноставно изборите треба само убаво да се организираат со безбедносни мерки. Во секој случај постојат протоколи и за заболените и за оние во самоизолација и сите што се болни имаат право еден ден претходно да гласаат. Државните авторитети и ДИК имаат систем како тоа да го организираат, самиот процес не трае повеќе од 10-15 минути. Сите сме гласале. Ние повеќе се задржуваме во супермаркет кога влегуваме, по половина час или час, а при процес на гласање само треба да држиме дистанца, треба сите да влеземе со маски и треба да гласаме. Не смееме понатаму веќе да функционираме без демократски институции во државата, а тоа е Парламентот кој е столбот на демократијата во едно општество и не смееме веќе понатаму да функционираме со техничка Влада. Ова е држава која мора да добие политичка Влада која ќе преземе политичка одговорност, па и со справувањето на пандемијата, а да не зборуваме дека најголемиот предизвик после тоа ќе биде справувањето со економската криза и предизвик за заживување на економијата и враќање на животниот стандард на граѓаните” – истакна Селмани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e